Битола прогласена за најпрестижна дестинација

Bez autora
Nov 19 2012

На Интернационалниот саем за туризам и култура што по десетти пат се одржа во швајцарскиот град Лугано општина Битола ја доби наградата за најпрестижна дестинација на Балканот, за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата. Општина Битола е единствениот награден претставник од Република Македонија. На саемот беа претставени 250 изложувачи од три континенти, а беа доделени седум награди. На повик на селекцискиот комитет општина Битола изврши претставување на својата програма, а по извршената анализа, комитетот одлучи да ја повика да се претстави на посебен штанд на Десеттиот интернационален саем во Лугано. Престижната награда, втора што ја добива општината, му беше врачена на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Во 2009 година, во конкуренција од над 300 градови, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација.

Битола прогласена за најпрестижна дестинацијаНа Интернационалниот саем за туризам и култура што по десетти пат се одржа во швајцарскиот град Лугано општина Битола ја доби наградата за најпрестижна дестинација на Балканот, за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата.

Општина Битола е единствениот награден претставник од Република Македонија. На саемот беа претставени 250 изложувачи од три континенти, а беа доделени седум награди.

На повик на селекцискиот комитет општина Битола изврши претставување на својата програма, а по извршената анализа, комитетот одлучи да ја повика да се претстави на посебен штанд на Десеттиот интернационален саем во Лугано.

Престижната награда, втора што ја добива општината, му беше врачена на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Во 2009 година, во конкуренција од над 300 градови, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik